Од „стабилна“ во „негативна“, но го задржа високиот „ААА“ кредитен рејтинг.
Стандард енд Пурс ја смени својата долгорочна перспектива за американскиот владин долг од „стабилна“ во “негативна“, но барем засега го задржа високиот „ААА“ кредитен рејтинг.
Агенцијата понеделникот соопшти дека промената се должи на ризикот американските законодавци да не постигнат договор за долгорочните буџетски предизвици и максималниот праг на американскиот долг.
Веста придонесе за нагол пад на берзата во Њујорк.
Според последните проценки, националниот долг на САД изнесува 14 трилиони долари.