Американските власти запленија 16 тони кокаин

Федералните власти објавија дека заплениле една од најголемите количини дрога во историјата на САД. Агентите на брод во пристаништето во Филаделфија заплениле повеќе од 16 тони кокаин.

Властите велат дека уличната вредност на дрогата се проценува на околу милијарда долари.

Во соопштение, обвинителот Вилијам Мексвејн кажа дека количината на кокаин „може да убие милиони луѓе.“

Дрогата била скриена во седум контејнери на товарен брод кој пловел под либериско знаме.

Агентите уапсија неколку членови на екипажот кои се соочуваат со обвиненија.

Бродот во Филаделфија пристигнал откако претходно застанал во Чиле, Панама и Бахамите и пловел кон Европа.

Претходно во пристаништето во Филаделфија беа запленети 538 килограми кокаин, во вредност од околу 38 милиони долари.