Елизабет Ворен на второ место во демократската претседателска трка

Нова анкета покажува дека сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен се искачи на второ место во демократската претседателска трка зад поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Најновата анкета на NBC News-Wall Street Journal покажа дека Бајден води со поддршка од 31 процент.

По него следи Ворен со 25 проценти.

На трето место е сенаторот од Вермонт Берни Сандерс кој освои 14 проценти поддршка.