Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер е во Улан Батор, Монголија, како дел од неговото прво меѓународно патување откако дојде на оваа функција минатиот месец.
Монголија не е традиционална дестинација за посета на американските секретари за одбрана. Чак Хегел беше последниот секретар за одбрана што ја посетил оваа држава во 2014-та година.
Местоположбата на Монголија, која се наоѓа меѓу Русија и Кина, е една од причините зошто таа е од големо значење за САД изминативе години.
„Ако се земе предвид локацијата и нејзиниот интерес да работи со нас повеќе, се причините зошто сакам да одам и да се ангажирам таму“, рече Еспер пред да отпатува.
Од јануари 2018-та година, Пентагон имплементира Стратегија за национална безбедност, која става приоритет на заштита на САД од Кина и Русија.