Стејт департментот соопшти дека акциите на Анкара се провокативен чекор што крева тензии во регионот
ВАШИНГТОН —
Администрацијата на Трамп ја повика Турција да престане со дупчење на гас и нафта во водите во близина на поделениот остров Кипар.
Стејт департментот соопшти дека акциите на Анкара се провокативен чекор што крева тензии во регионот.
Засега нема коментар од Турција за испраќањето нов брод во Средозменото Море, предизвикувајќи протести од кипарските Грци.
Кипар е поделен на турски и грчки дел од 1974 година, кога Турција испрати војници на островот како одговор на грчиот воен удар.
Јужниот грчки дел е меѓународнп признат, додека само Турција ја признава владата на северот.