Уште еден американски дипломат во Хавана со мистериозни симптоми

Со овој инциндент, бројот на афектирани Американци во Куба изнесува 26

Уште еден вработен во Американската амбасада во Хавана добил мистериозни здравствени симптоми, соопшти Стејт департментот.

Портпаролката Хедер Нуерт изјави дека медицински е потврдено оти вториот од двајцата евакуирани Американци неодамна во Куба, добил слични симптоми, како оние што биле забележани кај други дипломати на САД во Хавана.

Потврдено е дека друг евакуиран, исто така, ги имал истите симпотоми пред една недела.

Со последниот инциндент, бројот на афектирани Американци во Куба изнесува 26.

САД изјавија дека овие инциденти почнале во 2016-та година. Стејт департментот ги нарекува „специфични напади“, но, не кажува која е причината зад нив.

Куба негираше инволвираност во ваквите случувања.

Американски дипломат во Кина, исто така, пријави дека почувстувал слични симптоми.

Стејт департментот издаде предупредување по ваквиот инцидент во Кина, кој државниот секретар Мајк Помпео го нарече „сериозен медицински случај“.