Закерберг ги убедува законодавците за планираното лансирање на дигитална валута

Извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг, се обидува да ги смири законодавците загрижени поради планираното лансирање на глобална дигитална валута.

За време на сведочењето пред конгресната комисија, Закерберг потврди дека планираниот развој на програмата е „ризичен проект“, но рече дека криптовалутата ќе овозможи безбеден метод за милиони Американци, кои немаат банкарски сметки, со ниски трошоци да вршат трансфер на фондови.

Политиките и однесувањето на Фејсбук го привлекоа вниманието на законодавците.

Членовите на комисијата имаа прашања во однос на тоа дали компанијата го олеснува мешањето во странски избори и како таа постапува во однос на политичките реклами.

Скандалот му наштети на угледот на Фејсбук во Вашингтон и ги загрижи законодавците дека на компанијата не може да ѝ се верува да ја лансира дигиталната валута за своите 2,4 милијарди корисници.

Претседателката на Комисијата за финансии Максин Вотерс повика да се запре лансирањето на дигиталната валута.