Кина ги контактирала американските трговски претставници со цел „враќање на преговарачка маса“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Кина сака натамошно продолжување на трговските преговори, потег што доаѓа откако двете држави објавија реципрочно зголемување на царините.
Зборувајќи на самитот на лидерите на Г-7 во Франција, Трамп за новинарите изјави дека Кина ги контактирала американските трговски претставници со цел „враќање на преговарачка маса“.
Ваквата подготвеност за продолжување на разговорите Трамп ја оцени како „многу позитивен развој за светот“.
Трамп одбил да коментира дали имал непосреден контакт со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, но постојано го нарекувал „голем лидер“.