Министерството за трговија на Кина соопшти дека Вашингтон и Пекинг постигнале напредок во преговорите за трговските структурни прашања, како што е трансферот на технологии и правото на интелектуална сопственост.
Но, недостатокот на детали од двете страни ја нагласува неизвесноста, велат аналитичарите.
Разговорите во Пекинг првично требаше да се завршат во вторникот, но беа продолжени и завршија во среда.
Официјални американски претставници велат дека разговорите се одвивале добро. Истата забелешка ја даде и портпаролот на Министерството за трговија, Гао Фенг, за време на редовниот брифинг:
„Должината на состаноците покажува дека двете страни беа сериозни и искрени во разговорите“, рече тој, додавајќи дека „Структурните прашања биле важен дел од оваа рунда разговори и имало напредок во овие области“.
Сепак, Гао не потврди дека разговорите би можеле да се завршат во 90 дневниот период кој беше претставен од претседателот Доналд Трамп и кинескиот Ши Џинпинг.