Кина вели дека е принудена да преземе неопходни контрамерки против САД, откако Вашингтон воведе царини за кинески производи вредни милијарди долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп наметна 25 проценти царини за повеќе од 800 кинески производи.
Царините влегуваат во сила денес, една минута по полноќ, вашингтонско време.
Царините веќе ги менуваат навиките на потрошувачите во Кина, кои избираат домашни производи или при купувањето се водат од цените.
Кинеското министерство за трговија соопшти дека Пекинг ќе воведе контрамерки кон САД, иако не прецизираше за какви мерки станува збор.
Зголемените трговски судири загрижуваат некои виши претставници на Централната банка на САД, кои велат дека тие негативно влијаат на инвестициите кои го помагаат економскиот раст.