Боинг на средба со 200 пилоти пред враќањето на авионите „737 Макс“

Истовремено продолжуваме да работиме со нашите клиенти и регулатори на софтверот и на обновување на обуките, соопшти компанијата

Американскиот авионски производител Боинг најави дека в среда ќе одржи состанок со 200 пилоти, технички лидери и регулатори пред да ги врати во функција авионите „737 Макс“, по двете неодманешни несреќи.

„Истовремено продолжуваме да работиме со нашите клиенти и регулатори на софтверот и на обновување на обуките за `737 Макс`“, соопшти Боинг.

Авиокомпаниите низ светот ги приземјија сите авиони „737 Макс“ на почетокот на месецот, по уривањето на етиопскиот авион.