Одделот за правда на САД најде начин за пристап до податоците во паметниот телефон 5С, кој го користи софтверот на Епл iOS9, со помош на метод потпомогнат од страна на надворешен извор кој јавно не беше објаснет ниту идентификуван.
Со оваа разврска се заврши правната борба помеѓу владата и Епл за случајот кој вклучува телефон кој го користел напаѓачот за време на минатогодишниот напад во Сан Бернардино, Калифорнија. Но, далеку од завршена е главната борба во која владата сака да има увид во информациите за своите граѓани и како доаѓа до нив.
Адвокатите на Епл изјавија дека се надеваат оти владата ќе го сподели секој метод со кој е провалена шифрата на телефонот за пристап до податоците во него внесени од вооружениот напаѓач Саед Фарук, но откако федералниот судија се согласи да ја повлече тужбата против Епл, малку е веројатно дека тоа ќе се случи.