Трамп ги забрани кинеските апликации Тик Ток и Ви Чет

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот забрани две кинески апликации.

Со тоа им се забранува на американските компании да имаат деловни активности со Бајт Денс, компанијата која е сопственик на апликацијата со видеа Тик Ток, како и со Тенсент, сопственик на апликацијата за пораки Ви Чет. Извршните наредби кои ги засегаат кинеските компании ќе стапат на сила за 45 дена.

Дали Трамп има законско овластување за вакви активности не е јасно, велат аналитичарите.

Овој потег доаѓа во услови на загриженост на администрацијата Трамп и американските законодавци за приватноста на податоците кои се прибираат, во врска со апликациите,Сепак, не се наведени докази како поддршка на тврдењата.

Двете компании соопштија дека не ги споделуваат своите податоци со кинеската влада.

Државниот секретар Мајк Помпео изјави во средата дека Соединетите држави нема да дозволат американските продавници да продаваат кинески апликации заради безбедносни проблеми.

Милиони луѓе ширум светот ги користат двете апликации.