Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, соопшти дека потпишал наредби за распоредување на дополнителни американски трупи во Авганистан, покрај 11-те илјади кои моментално служат во државата.
Матис кажа дека новите војници главно ќе ги советуваат и оспособуваат авганистанските сили за поефикасно да се борат против Талибан и преку десетина други терористички организации во Авганистан.
Ова уследи по повикот на првиот човек на Пентагон за попрецизни податоци за проценките на способноста на силите, во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп, работела на нова американска политика во Авганистан.
Официјални лица сугерираа дека секретарот Матис работи на распоредување на околу 4.000 дополнителни трупи во Авганистан, за да одговори на потребите на командантите на теренот.