Aвганистанската влада и контролата во земјата

Авганистанската влада поддржана од САД и натаму контролира само половина од општините, и покрај проширената американска воена кампања во земјата, се вели во најновата владина проценка на конфликтот во Авганистан.

Воедно, во текот на изминатата година, авганистанската армија доживеа големо намалување на персоналот, според кварталниот извештај од страна на Специјалниот генерален инспекторат за реконструкција на Авганистан или СИГАР.

Од 31-ви јануари, наваму, бунтовниците контролираат или влијаат на 14,5 отсто од авганистанските области, вели оваа организација. Кабул контролира 56,3 проценти, додека останатите области важат за спорни.

Стратегијата на претседателот на САД Доналд Трамп, е дека САД во земјата се на неодредено време. Тоа подразбира притисок врз Пакистан, да ја прекине поддршката за авганистанските милитанти и поддржување на напорите на Кабул за вклучување на Талебанците во мировните преговори.