Урбана војна во појасот Газа, додека САД распоредуваат брод за хуманитарна помош

Your browser doesn’t support HTML5

Американската армија распореди голем брод од Вирџинија во источниот Медитеран. Тој е натоварен со опрема за да започне изградбата на пловно пристаниште за испорака на помош во Газа во услови на тековниот конфликт Израел-Хамас. Араш Арабасади, со детали.  

Урбана војна во појасот Газа. Израелските одбранбени сили објавија видео за кое се вели дека трупите се борат од врата до врата во градот Кан Јунис во Појасот Газа.
Гласот на Америка не може самостојно да ги потврди датумите или локациите на видеото.

Неговото објавување следи по викендот кога десетици Палестинци загинаа во израелски воздушни напади и артилериски оган, според локалните здравствени власти.

Ситуацијата во Газа е очајна, предупредуваат здравствени и хуманитарните работници.

„Ситуацијата е влошена од неколку причини, а ние сме на фаза, бидејќи има застој на достава. Порано имаше три влеза во појасот Газа. Израел контролираше две од нив, а Египет контролира еден од нив. Сега, само еден од трите, работи делумно“, вели доктор Таер Ахмад од „МедГлобал“.

За да ги заобиколат тие копнени блокади, регионалните партнери почнаа да доставуваат пакети со помош со авиони од воздух.

Во текот на викендот - и во пресрет на муслиманскиот свет месец Рамазан - јорданските воздухопловни сили над Газа фрлија палети полни со брашно, ориз, храна за бебиња и вода.
И, Воздухопловните сили на САД помогнаа со повеќе од 88 пакети помош за кои се вели дека содржат речиси 53.000 оброци и 23 илјади шишиња вода.
Сега има уште еден план за испорака на помош во Газа.

Армијата на САД распореди брод од Вирџинија до Средоземното Море со опрема за изградба на привремено пристаниште.
Иако најверојатно ќе поминат неколку недели - со некои проценки и до 60 дена - пред пристаништето да стане оперативно, планот е да се има пловечка база на операции за доставување помош на палестинските територии.

Обединетите нации велат дека четвртина од населението на Газа се соочува со глад.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека во досегашниот конфликт загинале речиси 31.000 Палестинци, бројка што предизвикува загриженост за американскиот претседател Џо Бајден.

„Не може да има 30.000 загинати Палестинци како последица по нападот од Хамас. Има и други начини да се справиме со траумата предизвикана од Хамас“, рече Бајден.

Бајден не ја појасни „црвената линија“ што Израел може да ја премине, но се претпоставува дека е можно запирање на поддршката на САД за неговиот сојузник, кој објави војна против Хамас по нападот врз Израел на 7 октомври во кој загинаа 1200 лица.

Но, со почетокот на Рамазан, и повеќе од 72.000 повредени Палестинци, какво било олеснување на помош по копно, море или воздух - е итна, нужна и неопходна.