УПОЗ бара средба со премиерот Мицкоски, најави штрајк и тужби

Your browser doesn’t support HTML5

Пет дена протестираат државните службеници бидејќи финансии не дозволи потпишување на нови колективни договори со кои ќе добијат додаток од 30 отсто на плата.

Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата - ако не се постигне договор одат на штрајк, а се разгледува и опцијата да се тужи државата. Се протестира пред министерството за култура, економија, шумарство, транспорт, правда, животна средина и дигитална трансформација, но и пред Државен завод за статистика и државен архив.Од УПОЗ сметаат дека државните службеници се во нерамноправен однос со вработените од другите државни институции.

Посочија и дека во некој министерства има притисоци да не се поддржува протестот. Пред неколку дена од владата напоменаа дека постои сомнеж дека протестот е политички мотивиран, но и дека се подготвени да седнат на маса за да ги разгледаат сите предлози од страна на синдикатот за да се постигне договор.