Уништена економија, сиромаштија и невработеност владеат во Газа

Your browser doesn’t support HTML5

Додека некои делови од Газа се на работ на глад, страдаат и Палестинците на Западниот Брег. Тие не се во можност да работат на работни места во Израел, а целата економија на Западниот Брег се намалува. Линда Градстајн известува од градот Рамала на Западниот Брег.

Пред терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, повеќе од 200.000 Палестинци од Западниот Брег и Газа работеа во Израел и ја поддржуваа палестинската економија. Повеќе од една година Израел им забранува влез во Израел и сите останаа без работа, главно во градежништвото.

Шукри Ал Наџар, палестински молер на куќи од Газа, работел во јужниот израелски град Бершева кога започна војната. Сега тој е невработен и заглавен во палестинскиот град Рамала на Западниот брег - не може да влезе во Израел ниту да се врати во Газа бидејќи границите се затворени.

„Во периодот пред војната бев комотен и кога бев невработен. Бев со семејството, немаше страв. Сега економијата е полоша, и јас сум многу исплашен за моето семејство, за нивната безбедност“, вели Ал Наџар.

Заедно со 80% од станбените згради во Газа, Ал Наџар вели дека домот на неговото семејство во северниот дел на Газа бил уништен во израелски воздушен напад. За среќа, вели тој, неговото семејство не било дома.

Економијата во Газа е уништена, а агенциите на ОН велат дека ќе бидат потребни децении за да се обнови. Економијата на палестинскиот Западен Брег, исто така, претрпе значително за време на една година војна, при што невработеноста се зголеми на околу 40%.

„Овде изгубивме околу 10-12% од нашиот БДП на Западниот Брег по една година од војната. Сега стапката на невработеност тројно се зголеми. /// Сиромаштијата ќе порасне. Сега, зборуваме за сиромаштија на Западниот Брег од околу 45%“, посочува Насер Абдел Карим од Арапско-американскиот универзитет.

Многу од бизнисите на Западниот Брег се затворени или работат со значително намален капацитет.

Палестинскиот ковач Раби Флејфел вели дека едвај заработува доволно за да ги прехрани своите деца. Неговиот бизнис на изработка на железни скари и украси за прозорци е намален за 90% затоа што вели дека луѓето штедат за најнеопходни работи.

Слично се чувствува и Калил Абу Арајес, сопственик на бизнис за поправка на автомобили, од другата страна на улицата.

„Луѓето не работат. Ако имаат сто шекели [27 долари], сакаат да ги заштедат за храна. Тие не доаѓаат во индустриска област за да купат врата или да поправат автомобил“, вели Арајес.

Многу Палестинци на Западниот Брег велат дека моменталната економска ситуација таму е потешката од секогаш.

Тие се надеваат дека војната во Газа наскоро ќе заврши и ќе можат да продолжат со работа во Израел, што ќе овозможи економијата да почне да закрепнува.