Специјалниот претставник на ОН за Сирија ги издвои Алепо и други околни области кои се без, како што кажа, ниту еден конвој веќе еден месец.
Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура повика на итен 48-часовен прекин на огнот во Сирија бидејќи земјата има потреба од итна хуманитарна помош. Тој ги издвои Алепо и други околни области кои се без, како што кажа, ниту еден конвој веќе еден месец.
Претставникот на светската организација го прекина состанокот со Групата за поддршка на Сирија, велејќи дека нема никаква смисла да се одржи, додека нема одредена акција во обезбедување на хуманитарна помош за земјата.