Светските лидери собрани на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе бидат фокусирани и на израелско-палестинскиот конфликт, бидејќи официјалните лица од двете страни треба да се обратат на годишната средба.
Предвидено е прво говор да одржи палестинскиот претседател Махмуд Абас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во Израел обидувајќи се да формира влада по минатонеделните избори, така што во Обединетите нации ќе се обрати министерот за надворешни работи Израел.
Неизвесноста околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија, исто така, ќе биде на агендата, при што е предвидено да се обрати претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Британскиот премиер Борис Џонсон не зборуваше за Брегзит на неговото обраќање оваа недела по пресудата на Врховниот суд на Велика Британија дека неговата одлука за суспендирање на парламентот е противзаконска.