69-тото Генералното собрание на ОН денес започна со дебатата насочена на исламскиот екстремизам во Ирак, Сирија и други делови на Блискиот Исток, како и на борбата против епидемијата на ебола во Западна Африка.
На годишниот собир во седиштето на ОН во Њујорк учествуваат државници од преку 140 земји.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун пред Генералното собрание порача дека екстремистичките групи се јасна закана за меѓународната заедница. Тој рече и дека човековите права се на удар поради бурињата-бомби, обезглавувањата, намерното изгладнување на населението и нападите врз болници, засолништа на ОН и конвои со помош.
Американскиот претседател Барак Обама само што започна со обраќањето пред Генералното собрание. Беше највено дека ќе се фокусира на борбата против милитантите на Исламската држава во време кога коалиција под американско раководство, а во којашто членуваат арапски држави, врши напади против оранизацијата во Сирија.