Обединетите нации (ОН) изјавија дека глобалното затоплување сега е постојана карактеристика на секојдневниот живот, но оти се` уште можат да се преземат чекори да се спречат наjлошите последици.
Меѓународен владин панел за климатски промени објави извештај во кој се наведува дека климатските промени се „несомнено предизвикани од човечки активности“ кои довеле до постепено затоплување на Земјата за над 1,1 Целзиусов степен од прединдустрискиот 19. век.
Извештајот предупредува дека во рок од 20 години светот веројатно ќе го достигне, дури и надмине нивото на затоплување од 1,5 Целзиусови степени, што научниците предвидоа дека ќе доведе до трајни промени, како топење на глечери, зголемување на морското ниво, како и уништувачки поплави и суши низ светот.
Сепак, извештајот сугерира дека светот може да ги намали последиците од големите промени преку итно откажување од фосилните горива, кои се извор на емисија на јаглерод што го предизвикува ефектот на таканаречени стакленички гасови, при што топлината е заглавена во земјината атмосфера наместо да оди во вселената.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека „алмарот е гласен“ и оти извештајот укажува на итна ситуација за човештвото.
Дел од информациите во текстот се искористени од Асошиетед прес и Ројтерс