Светот низ фотографии
Гас-маска од советската ера ставена на дрво кај нуклеарната централа во Чернобил во Украина, 31 јануари 2023 година (VOANEWS/Yan Boechat)
Автобус што ги носеше туристите да го посетат Чернобил беше изложен како мета на оган од руски војници кои ја окупираа областа на електраната во Чернобил, Украина, 31 јануари 2023 година (VOANEWS/Yan Boechat)
Работничка во комплексот Чернобил која живее во блиското село се сеќава на времето кога Русите ја окупираа оваа област на почетокот на војната. (VOANEWS/Yan Boechat)
Реакторот број 4 во електраната во Чернобил експлодира на 26 април 1986 година и сега е заштитен со бетонски саркофаг и метална покривка. (VOANEWS/Yan Boechat)
Знак кој покажува дека нивото на радијација може да биде високо во оваа област го означува местото каде што Русите ископале ровови и поставиле контролен пункт во областа наречена „црвена шума“ во Чернобил, Украина. (VOANEWS/Yan Boechat)
Забавниот парк во селото Припјат требаше да започне со работа на 1 мај, само четири дена по експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил, во Украина. (VOANEWS/Yan Boechat)
Базен во една од зградите во Припијат, која беше напуштена по експлозијата во 1986 година. Целата оваа област беше окупирана од руски војници кога ја нападнаа Украина пред речиси една година. (VOANEWS/Yan Boechat)
Кошаркарско игралиште во една од зградите напуштени во Припијат. Руските војници го зазедоа местото по инвазијата на Украина и останаа таму речиси два месеци (VOANEWS/Yan Boechat)
Гас-маски оставени во основно училиште во Припјат, најблиското село до Нуклеарната централа што експлодираше во април 1986 година. (VOANEWS/Yan Boechat)
Остатоци од училиште во Припјат. Оваа област беше окупирана од Руси за време на почетокот на војната пред речиси една година. (VOANEWS/Yan Boechat)
Дури и паднатите дрвја во областа блиску до електраната сега се сметаат за нуклеарен отпад и не можат да се собираат или користат. Чернобил, Украина. (VOANEWS/Yan Boechat)