Украина во среда соопшти дека ќе го запре владиното финансирање на источните региони контролирани од сепаратисти поддржани од Русија.
Премиерот Арсениј Јацењук изјави дека прекинот ќе важи се` додека териториите на Донецк и Луханск се под контрола на „терористи“.
Јацењук, кој ова го кажа на состанок на Кабинетот, изјави дека владата, сепак, ќе продолжи со снабдување на гас и електрична енергија за областа.
Самопрогласените отцепени региони во неделата одржаа избори за поголема автономија од владата во Киев. Засега само Русија ги призна изборите, а САД и ОН рекоа дека се нелегитимни и потези кои не помагаат за решавање на кризата.
Двомесечното примирје едвај се одржува во областите од каде има информации за повремени судири меѓу украинските војници и сепаратистичките сили.
Доцна во вторникот, украинскиот претседател Петро Порошенко нареди распоредување на дополнителни војници во јужните и источните градови, со цел да одврати секаква можна офанзива на про-руските сепаратисти.
(јб/лк)