Договор за полициска вооружена мисија на ОБСЕ во Украина

Спогодбата е постигната во Берлин меѓу лидерите на Русија, Франција, Украина и Германија.

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека денеска е постигнат договор за испраќање на вооружена полициска мисија на ОБСЕ во источна Украина, чија цел е да помогне во примена на одредбите од мировниот договор од Минск.

Договорот беше постигнат во Берлин, на средбата на лидерите на Русија, Франција, Украина и Германија посветена на ситуацијата во Украина.