Премиерот Гројсман изјави дека зад инцидентот стојат „надворешни фактори“
Во повеќекратните експлозии во складиште за муниција во централна Украина, е повредено најмалку едно лице.
Армијата соопшти дека спасувачки екипи ги евакуирале околните села.
Украинскиот премиер Володимир Гројсман, кој синоќа ја посети областа, рече дека зад инцидентот стојат „надворешни фактори“.