Хакерски напад врз Владата на Украина

Мета на хакерските напади биле и банки и аеродроми

Украина е погодена од, како што рече нејзиниот премиер, „невиден“ хакерски напад.

Меѓу погодените се банки, владини канцеларии и аеродроми.

Заменик-премиерот Павло Розенко објави фотографија на неговиот Твитер профил, од мониторот на неговиот компјутер, велејќи дека владиното седиште е затворено.

Укаринските власти велат дека нападите можеби биле изведени од Русија, соопшти агенцијата Ројтерс.

Во меѓувреме, и руската нафтена компанија Роснефт пријавила хакерски напад во Русија и во странство, како и бројни европски компании, меѓу кои и британски и француски гиганти.