Украинскиот претседател наредил правење коридори за цивили

Порошенко го презел потегот „да избегне нови жртви“ додека неговите сили се борат за враќање на контролата на објекти преземени од сепаратистите
Украинскиот претседател Петро Порошенко им наредил на официјалните лица да креираат коридори што ќе им овозможат на луѓето во источна Украина да ги напуштат областите во кои со месеци се водат борби, за безбедно да преминат во други делови на државата.

Претседателот потегот го објави во вторник, велејќи дека сака „да избегне нови жртви“ додека украинските сили се борат да ја повратат контролата врз клучните владини објекти од про-руските сепаратисти.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторник кажа дека Русија ја поздравува наредбата на Порошенко. На прес-конференција во Санкт Петерсбург, по разговорите со неговите колеги од Германија и Полска, тој кажа дека е важно фокусирањето на завршување на борбите во Украина и започнување на дијалог меѓу регионите на Украина.

Украинското Министерство за надворешни работи во понеделникот кажа дека е постигнато „заедничко разбирање“ со Русија по клучните фази на планот за прекин на борбите во регионите Луханск и Донецк, во близина на руската граница. Други детали не даде.