Украинските власти соопштија дека руски проектил во вторникот погодил музеј во градот Купијаснк, при што загинало најмалку едно лице, а 10 други се повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прави се за да ја уништи историјата, културата и нејзиниот народ на Украина.
„Убивање на Украинците со апсолутно варварски методи“, рече Зеленски по нападот во Купијанск.
„Немаме право да заборавиме на тоа ниту една секунда. Мораме и ќе одговориме!“, додаде Зеленски.
Зеленски рече дека одговорните за воените злосторства „дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата и тоа ќе биде безмилосно“.
Руските сили го зазедоа Купијанск, важен железнички центар во североисточна Украина, за време на раниот дел од инвазијата што ја започна во Украина минатата година. Украинските сили го презедоа во септември.
Зделка за жито
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, му предложи на рускиот претседател Владимир Путин „пат напред“ за Црноморскиот договор за жито.
Гутереш го претстави својот предлог во писмо до рускиот претседател за „подобрување, продолжување и проширување“ на договорот за жито што ќе овозможи безбеден извоз на украинско жито од Црното Море, изјави портпаролот на ОН по средбата во Њујорк на Гутереш со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот изјави дека договорот меѓу Москва и Обединетите нации за рускиот извоз на жито и ѓубрива не се исполнува и дека има „многу детали“ за кои треба да разговараат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар Гутереш.
Кремљ посочи дека нема да дозволи договорот со посредство на ОН и Турција минатата година да продолжи по 18 мај, освен ако не се исполнат условите на Русија за сопственото жито и извозот на ѓубрива.
Европската унија и Јапонија го отфрлија предлогот на САД земјите од Г7 да го забранат целиот извоз во Русија, објави во понеделникот „Фајненшл тајмс“.
Лавров не одговараше на прашања при влегувањето или излегувањето од 90-минутната средба со Гутереш. „Не ми викајте“, им рече тој на новинарите.
За време на состанокот на Советот за безбедност во понеделникот, Гутереш рече дека руската инвазија на Украина „предизвикува огромно страдање и уништување на Украина и нејзиниот народ“ и придонесува за „глобалната економска дислокација предизвикана од пандемијата ковид-19“.
„Тензиите меѓу големите сили се на историски највисоко ниво. Исто така се и ризиците од конфликт, преку погрешна авантура или погрешна пресметка“, забележа тој.
Седејќи до шефот на ОН, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди Советот дека светот сега е во поопасна ситуација дури и за време на Студената војна.
„Како за време на Студената војна, стигнавме до опасниот, можеби уште поопасен праг“, рече Лавров за време на сесијата „Одржување на меѓународниот мир и безбедност“ со која тој претседаваше.
Русија го има месечното ротирачко претседавање со 15-членото тело за април.
Некои материјали во овој извештај се користени од Асошиетед прес, Агенцијата Франс прес и Ројтерс.