Британските медиуми објавија дека Украина за првпат истрелала ракети доставени од Британија на руска територија. Оружјето било користено против руските сили во окупирана Украина - вклучувајќи го и нападот врз поранешната централа на руската црноморска флота на Крим минатата година.
Лондон и Киев одбија да ги потврдат најновите извештаи.
Неодамна, украинските сили истрелаа проектили со подолг дострел обезбедени од САД длабоко на руска територија, откако Вашингтон даде зелено светло.
Франција, исто така, ја снабди Украина со својата верзија на вакви ракети. Европските ракети се разликуваат од американските, изјави одбранбениот аналитичар Патрик Бури од Универзитетот на Бат.
„Тоа се ракети за лансирање од воздух. Општо земено, во зависност од извозната варијанта, тие обично имаат опсег од 250 километри или 155 милји или слично. Мислам дека имајќи предвид дека американските имаат поголем домет од тоа и не се лансирани од воздух - па затоа е и потешко да се пресретнат - барем во теорија“, цели Бури.
Двата система за оружје ќе отворат низа нови цели.
„Дострелот на двете ракети е доволен за да се навлезе зад руските линии и во целите на руската инфраструктура, така што тоа ќе го прекине нивното снабдување до нивната линија на фронтот. Значи, вистинскиот дострел на секоја ракета не е толку значаен како фактот дека на Украина ѝ се потребни во голема количина и навистина многу брзо“, укажува Џејмс Никси од Чатам Хаус.
Украина ќе мора внимателно да ги избира своите цели, вели аналитичарот Бури.
„Дали ќе им дозволите навистина да се засилат и да почнат да ја погодуваат енергетската инфраструктура, воената инфраструктура, рафинериите за нафта - работи што навистина би почнале да ѝ наштетуваат на руската економија? Тоа е прашањето“, посочува Бури.
Во меѓувреме, Германија - вториот најголем снабдувач на оружје за Украина - ја отфрли можноста да му ги даде на Киев своите крстосувачки ракети со долг дострел. Берлин стравува дека ќе биде вовлечен во војната.
„Ништо не се промени за нас, ситуацијата, околностите се исти“, нагласи германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
Иднината на западната воена помош за Киев останува неизвесна. Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на војната на првиот ден на функција.
Киев стравува дека поддршката на САД може да биде намалена. Велика Британија и Франција би можеле да се одлучат да продолжат да ја снабдуваат Украина со ракети, вели Бури.
„И двете се нуклеарни сили. Тие можат да го преземат тој ризик ако сакаат. Мислам дека може да најдете поделба меѓу европското НАТО и НАТО на САД за некои политички прашања околу Украина“, доава Бури.
По одлуката на Вашингтон да одобри украински ракетни напади во Русија, Москва го намали својот праг за употреба на нуклеарно оружје.