Турчинов на парламентот му кажа дека трупите уништиле база во источните градови Каматорск и Словјанск.
Привремениот украински претседател вели дека армијата уништила две армиски бази на проруските бунтовници.
Олександр Турчинов на украинскиот парламент во четврток му кажа дека трупите уништиле бунтовничка база во близина на источниот град Каматорск во една операција преку ноќта. Во друга, трупите збришале сепаратистичка база во блискиот град Словјанск. Турчинов кажа дека трупите исто така ја имаат контролата на телевизиската кула во Словјанск.
Бунтовниците презеле владини згради низ источна украина, се бореле со украинската армија и објавиле „суверенитет“ во два источни региони.
Украина започна разговори за национално единство во среда без учество на проруските сепаратисти кои бараат автономија од Киев на источниот дел на државата и југоисточниот.
Разговорите, кои се отворени 11 дена пред украинските претседателски избори, се дел од нацрт-планот поддржан од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Аналитичарите велат дека намерното изоставање на сепаратистите од дискусиите ги крева сомневањата дека дискусиите ќе ги олеснат етничките тензии кои се закануваат да ја растурат државата.