Во петок попладне, овие тинејџери и млади се среќаваат и си подготвуваат закуски, работат на нивните лаптопи и разговараат за локалните вести.
„Овде во Арлингтон, некои од најголемите проблеми што ја засегаат нашата заедница се токму во средните училишта. Од оружје на кампусот, до опиоиди, менталното здравје на тинејџерите е исто така огромен проблем како и правата на трансродовите лица“, вели Кристен Кларк која е дел од „Независни медиуми во Арлингтон“ - непрофитна организација за обука и ресурси за вести од заедницата.
„Нашата цел се децата кои се заинтересирани за пишување, кои се заинтересирани за мултимедија, но и оние кои се заинтересирани за владата и политиката. Деца кои зборуваат странски јазици дома.
Филозофијата е дека секој има некаква приказна да раскаже“, додава Кларк.
На нивните неделни уреднички состаноци, тие зборуваат за луѓе кои треба да ги интервјуираат и од каков агол ќе ја направат сторијата. Една новинарка која во моментов е на обука покрива екосистем што може да се најде само во Арлингтон и неколку десетици други места низ светот.
„Моментално работам на приказна за блатото со магнолија, кое е редок мочуришен ресурс. Но, многу луѓе не знаат за тоа“, вели студентката Корал де Ла Круз.
Корал се приклучи на иницијативата минатото лето. Покривањето на локалните вести, вели таа, ја учи за различни перспективи.
Друг студент, Рази Фергусон, вели дека иницијативата нуди безбеден простор за соработка.
„Оваа програма ме натера да го засакам новинарството на начин што не го сакав порано затоа што ми беше удобно, затоа што се чувствував безбедно и затоа што чувствував дека можам да преземам чекори и да учам работи“, објаснува Фергусон.
Нивните гласови се слушаат и на поткастот Арлингтон Амп. Учениците ја продуцираат емисијата.
Вклучувајќи го и средношколецот Коди Финеган, кој заедно со известувањето, тргна да го собори светскиот рекорд.
„Најбрзо време за посета на сите метро станици во областа Вашингтон, сегашниот рекорд е осум часа, а овој обид за светски рекорд се надевам ќе го претворам во следната епизода на поткастот Арлингтон Амп“, вел Финеган.
Финеган го промаши светскиот рекорд за пет минути, но тие ја искористија можноста да известат за проблемите со буџетот и и доцнењата на метрото.
„Мислам дека кога гледате млади луѓе кои се занимаваат со работи што се важни овде локално. Си велам ‘Можеби треба повеќе да разговарам со моите соседи’, вели Кларк.
Со известување за вести во нивната заедница, овие млади луѓе од прва рака го гледаат влијанието на локалното новинарство.