Претходно саудиските лидери изјавија дека резултатите од истрагата за исчезнувањето на новинарот ќе им ги покажат на целиот свет
ВАШИНГТОН —
Државниот секретар Мајк Помпео денес се сретна со турски официјални лица, вклучувајќи го и претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Претходно саудиските лидери изјавија дека резултатите од истрагата за исчезнувањето на новинарот ќе им ги покажат на целиот свет.
Помпео јавно не коментираше за разговорите со Ердоган, или со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Стејт департментот објави соопштение, во кое се вели дека Помпео ја изразил загриженоста на САД за исчезнувањето на новинарот Џемал Кашоги, и ја повторил заложбата на САД да и` помогне на Турција во истрагата.
Турски официјални лица изјавија дека саудиски агенти го убиле Кашоги, додека саудиските официјални лица тврдат оти тој сам го напуштил Конзулатот.