11 полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Турските власти ветија одмазда

Најмалку 11 полицајци се убиени при експолозија на автомобил бомба утрово во градот Чизре, југоисточна Турција, а десетици се повредени, соопштија лекарите.

Турските власти ветија одмазда.

„ Ќе одговориме на тие напаѓачи како што заслужуваат. Ниту една терористичка организација не може да ја држи Турција како заложник“, рече премиерот Бинали Јилдирим, на прес конференција во Истанбул.

Чизре е град во Сирнак, провинција на границата со Сирија и Ирак, а најголем дел од населението во него е Курди.

Се` уште никој не презеде одговорност за нападот, но државната агенција „Анадолу“ ја посочи Курдската работничка партија – терористичка организација, за која се верува дека била вклучена во серија напади во овој регион.