Целта била полициска станица во Истанбул
Полицијата во Турција усмрти две жени кои со пушки и гранати извршиле напад врз полициска станица во Истанбул.
Нападот бил регистриран со помош на безбедносни камери.
По инцидентот, жените успеале да избегаат и се сокриле во околната зграда. Полицијата го опколила местото, а жените биле убиени.
Нема информации за повредени во акцијата и засега не е познат идентитетот на напаѓачите.
Врз Истанбул се вршени напади од страна на курдските бунтовници и екстремно левичарските бунтовници.