Турција забрзано ја засилува и модернизира морнарицата

Your browser doesn’t support HTML5

Турција презема масовно проширување на својата морнарица за да ја направи една од европските најголемите поморски сили. Toa ги алармира некои од нејзините соседи, но Анкара инсистира се разботи за одбранбени цели согласно растечките регионални обврски на Турција. Известува Доријан Џонс. .

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја претстави - најсовремена подморница на Турција. Заедно со носач на хеликоптери, нови фрегати и повеќе од десетина други воени бродови - се дел од настојувањето на Ердоган да ја вклучи турската морнарица меѓу најголемите во Европа.

„Ова е дел од политичката агенда на Ердоган за вршење влијание во странство од Катар до Сомалија до Либија, така што тоа одговара на неговата визија. За морнарицата тоа значи поголема улога во одбраната на земјата, која е редефинирана, веќе не е територијална одбрана, туку има одбранбен капацитет и од странство“, вели Серхат Гувенц од Универзитетот „Кадир Хас“.

Анкара соопшти дека нејзиното поморско проширување е дел од справувањето со растечките регионални закани и придонесува да ги исполни своите обврски во НАТО.

„Кога ја гледате тековната глобална слика, сите конфликтни точки се околу Турција - во Црното Море, во Медитеранот, а ѝ во Црвеното Море...Како резултат на тоа, можеме да кажеме дека турската модернизација е корисна за НАТО и за безбедноста на западните сојузници“, изјавува Месут Касин, претседателски кандидат.

Но, растечката поморска моќ на Турција предизвикува загриженост кај нејзиниот сосед, Грција, која има голем број територијални спорови во Егејското и Средоземното Море.

Израел, исто така, изразува загриженост поради турското поморско проширување и распоредување на воени беспилотни летала во Северен Кипар, кој е под контрола на Турција.

„Мислам дека дел од овој поголем ангажман на морнарицата и воен ангажман во Северен Кипар, не се насочени против Израел и не значи дека повторно ќе има директна конфронтација, но израелската армија треба тоа да го има во предвид“, посочува Галиа Линденштаус од Институтот за национална безбедност.

И, Грција ја модернизира својата морнарица, наведувајќи ја турската закана.

Турските аналитичари велат дека Анкара е загрижена поради зголеменото поморско присуство на Израел во источен Медитеран.

„Тоа е маѓепсан круг бидејќи Турција изгради нова морнарица како одговор на заканите. Сега, нејзините соседи се соочуваат со закани од поморските сили на Турција. Тоа е трка во вооружување, а за жал, тие не завршуваат многу добро“, вели професорот Гувенц.

Турските бродоградилишта работат со полн капацитет за да одговорат на растечкиот капацитет на морнарицата на земјата, за што аналитичарите велат дека најверојатно само ќе ги надополнат стравувањата и сомнежите на соседите околу намерите на Анкара.