Трамп: Познат е датумот и локацијата за средбата со Ким Јонг Ун

Тој ова го изјави пред да замине во Далас, Тексас, каде е планирано обраќање на годишната конвенција на Националната асоцијација за оружје (НРА)

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека е одреден датумот и локацијата за планираната средба со севернокојскиот лидер Ким Јонг Ун.

Тој ова го изјави пред да замине во Далас, Тексас, каде е планирано обраќање на годишната конвенција на Националната асоцијација за оружје (НРА).

Трамп додаде дека деталите за историската средба ќе бидат познати наскоро.