Трамп ќе промовира реформи во даночниот систем

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска патува во Мисури, во обид да добие поддршка за планот за даночни реформи.

Владини претставници рекоа дека за време на обраќањето во Спрингфилд, Трамп ќе се фокусира на објаснување за потребата од воведување реформи, промовирајќи ги даночните олеснувања, како начин да им се помогне на американските работници.

Лидерот на САД има и претходно предложено намалување на стапката на даноците за корпорациите од 35, на 15 проценти.

Даночниот код на САД нема претрпено значителни промени од 1986-та година, наваму.