Вршителот на должноста главен правобранител на САД, Метју Витакер кажа дека истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година и можната соработка со кампањата на претседателот Доналд Трамп ќе заврши наскоро.
„Истрагата е близу до крај. Се надевам дека ќе можеме да го добиеме извештајот од Мулер што е можно поскоро“ кажа Витакер.
Досега, истрагата на Мулер резултираше со обвиненија или признанија на вина за 34 лица и три компании.