За денеска е најавено дека претседателот Доналд Трамп ќе има телефонски разговор со својот руски колега, Владимир Путин, што би бил прв откако Русија го осуди минатомесечниот американски воен напад врз Сирија.
И Белата куќа и Кремљ го потврдија телефонскиот повик, но не откриваат за што ќе се дискутира.
Обајцата лидери се очекува да разговараат за граѓанската војна во Сирија и континуираната поддршка на Путин за сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Ова ќе биде трет телефонски разговор меѓу Трамп и Путин, откако Трамп победи на претседателските избори.
За време на неговата кампања, Трамп изрази надеж дека тој и Путин би можеле да соработуваат во борбата против тероризмот. Сепак, минатиот месец американскиот претседател изјави дека односите САД-Русија „можно е да се на најниско ниво досега“.
Во меѓувреме, продолжуваат конгресните и истрагите на ФБИ, за наводните контакти на кампањата на Трамп со Русија и руското мешање во изборите во САД.