Претседателот на САД Доналд Трамп, му се заблагодари на неговиот руски колега Владимир Путин за коментарите од четвртокот, „потврдувајќи ги актуелнитe силни економски резултати на Америка", соопшти Белата куќа.
Обајцата претседатели имале телефонски разговор по годишната прес-конференција на Путин во Моска.
Во соопштението на Белата куќа се додава дека Трамп и Путин разговарале за начините за соработка во справувањето со нуклеарната програма на Северна Кореја.
Во подеднакво краткото соопштение од Кремљ, се вели дека покрај Северна Кореја, обајцата лидери разговарале за односите меѓу САД и Русија, согласувајќи се останат во контакт. Како што соопшти Кремљ, повикот го иницирал претседателот Трамп.
За време на прес-конференцијата во Москва во четвртокот, Путин ги обвини оние кои водат истрага за потенцијалната поврзаност меѓу Русија и претседателската кампања на Трамп во 2016-та година, со цел да и` се наштети на политичката ситуација во САД. Тој кажа дека активностите претставуваат „онеспособување на претседателот и се показател за недостаток на почит кон гласачите кои ја изразиле нивната поддршка за него“.
Путин воедно ги предупреди САД против употреба на сила врз Северна Кореја. Трамп на неколкупати кажа дека сите опции остануваат на маса.