Трамп со заострена политика во борбата против опијатите

Претседателот на САД предлага смртна казна за одредени дилери на дрога, со цел, спречување на зависноста

Претседателот Доналд Трамп, во говор во сојузната држава Њу Хемпшир, го претстави планот за сузбивање на зависноста од опијати во САД.

Тој вети дека ќе помогне во креирањето на „генерација деца без дрога“, велејќи дека „неуспехот не е опција и дека „зависноста не е иднината на државата“.

Трамп додаде дека на САД им е потребна посилна регулатива на нивната јужна граница и спротивставување на локалните власти во градовите за кои кажа дека се снабдувачи на опијати.

Тој истакна дека согласно новиот закон, криумчарите на тие лекови и дрога, може да ги продадат и притоа од нив да починат стотици лица, а како резултат, им се одредува кратка затворска казна. Трамп притоа предложи мерка со која би се побарала смртна казна за дилерите кои шверцуваат во огромни количини, во консултација со тековните закони.

Во моментов останува нејасно како истражителите би побарале смртна казна за овие лица, без промени во законските рамки, а некои експерти велат дека прашањето може да стигне и до Врховниот суд.

Њу Хемпшир важи за сојузна држава - силно погодена од кризата на зависност од опијати.