Одделот за правда на САД соопшти дека во четврток ќе ја објави редактираната верзија на извештајот на речиси 400 страници на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во американските избори во 2016 година.
Трамп вчера повтори дека тој е веќе ослободен од вина во врска со изборите, иако и тој како и американската јавност ги очекува деталите од 22 месечната истрага на Мулер.
Главниот правобранител на САД Вилјам Бар пред три недели објави резиме на четири страници за наодите на Мулер, истакнувајќи дека обвинителот заклучил дека Трамп и неговата кампања не се поврзани со Русија во насока на помагање за да ги добие изборите, ниту пак дошол до заклучок дека Трамп ја попречувал правдата.
Но, со тоа што Мулер не донел одлука за прашањето на опструкцијата, Бар и заменик-јавниот правобранител Род Розенстајн не одлучиле дека обвиненијата против Трамп се оправдани.
Бар изјави дека ќе објави колку што е можно поголем дел од извештајот на Мулер, исклучувајќи го материјалот од тајното сведочење и доверливите извори на разузнавачки податоци во САД.