Претседателот Доналд Трамп му даде овластување на секретарот за одбрана Џејмс Матис, да го одредени нивото на американските војници во Авганистан.
Ова би можело да значи зголемување на бројот на американски трупи во оваа земја, каде 16-годишната борба против Талебан и другите милитанти, резултира со ќорсокак.
Матис пред законодавците во вторникот истакна дека САД не бележат напредок во борбата за стабилизирање на Авганистан, ветувајќи дека до средината на јули ќе претстави стратегијата до Конгресот.
„Не победуваме во Авганистан во моментов, и ќе го поправиме ова, што е можно побрзо“, истакна Матис пред Сенатската комисија за вооружени служби.
Првиот човек на Пентагон го повика Конгресот за таа цел да обезбеди буџет, а не продолжителна резолуција. Претседавачот на Комисијата, Џон Мекејн се согласи на ова, но подвлече дека Конгресот треба прво да видат план за тоа како САД може да напредуваат во Авганистан.