Трамп и Абе најавија зголемена воена соработка

.

Американскиот претседател ја заокружува четиридневната посета на Јапонија

Зголемена воена соработка меѓу САД и Јапонија беше истакната по завршување на четиридневната посета на претседателот Доналд Трамп на оваа држава.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денес изјави дека платформата на јапонскиот носач на хеликоптери наскоро ќе биде пренаменета во платформа за вертикално слетување на американските авиони Ф-35.

Двајцата лидери не ја истакнаа Кина со име, но, укажаа на зголемена безбедносна закана во регионот.

Трамп, пак, забележа дека Јапонија планира да купи од САД повеќе од 100 дополнителни авиони Ф-35, со цел да им помогне на двете држави да се бранат од разните закани во регионот и пошироко.