Коментарите уследија откако иранските власти најавија дека заробиле 17 американски шпиони, од кои некои биле осудени на смртна казна
ВАШИНГТОН —
САД и Иран продолжија со меѓусебните вербални препукувања, откако денес воените тензии меѓу Техеран и Западот земаа нов замав.
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека Вашингтон е подготвен за „апсолутно најлошо нешто“ од Иран.
„Тие навистина се број еден држава во светот за терор“, рече Трамп, додека фоторепортерите ги фотографираа него и пакистанскиот премиер за време на средбата во Белата куќа.
Трамп додаде дека иранските акции и недостигот на почит ги отежнуваат преговорите со Техеран.
Коментарите на Трамп дојдоа часови откако Иран најави дека заробил 17 американски шпиони, од кои некои биле осудени на смртна казна.