Според иноформациите во некои медиуми, извештајот ќе излезе во јавноста на почетокот на наредната недела
ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе биде до главниот правобранител да одлучи кога и како ќе го објави јавно извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата за Русија.
Трамп ова го изјави, по информациите објавени на телевизијата Си-Ен-Ен, дека комплетниот извештај на Мулер ќе биде објавен на почетокот на наредната недела.
Засега, се` уште нема информација од обвинителите за наводна соработка на советниците на Трамп со руски официјални лица, со цел да се влијае врз резултат на изборите во САД во 2016-та година.