Целта е да се оттргнат имигрантите кои илегално се обидуваат да влезат во САД
ВАШИНГТОН —
Претседателот Доналд Трамп планира да распореди трупи долж границата со Мексико, со цел да се оттргнат имигрантите кои илегално се обидуваат да влезат во САД.
Во дискусијата со членови на неговиот кабинет, меѓу кои и секретарот за одбрана Џејмс Матис и секретарката за домашна безбедност Кирстен Нилсен, станало збор за евентуално мобилизирање на Националната гарда, како и за потребата од вршење притисок врз Конгресот, со цел итно усвојување на легислатива за справување со правните пропусти експлоатирани од страна на шверцерите со луѓе, нарко-терористите и други криминални организации.
Мексиканското Министерство за надворешни работи соопшти дека владата побарала од САД да ја појасни најавата на Трамп.