Претседателот на САД Доналд Трамп нема да присуствува на настаните во Полска со кои се одбележува 80-годишнината од Втората светска војна.
Трамп рече дека ќе го испрати потпретседателот Мајк Пенс на неговото место во Варшава, со цел тој да се фокусира на пристигнувањето на ураганот Доријан кој се движи од Карибите кон Флорида.
„За да се осигурам дека сите ресурси на федералната влада се фокусирани на пристигнувањето на невремето, решив да го испратам нашиот заменик претседател Мајк Пенс во Полска овој викенд на мое место“, рече Трамп.
Се очекува Доријан да прерасне во ураган од четврта категорија и да се приближи кон источниот брег на Флорида во понеделник навечер кога Трамп требаше да се врати од Полска.
Американскиот претседател рече дека го известил претседателот на Полска за неговиот „највисок приоритет – безбедноста и сигурноста на населението на патеката на ураганот. И дека посетата на Полска ќе биде одложена за блиска иднина.“