Сојузната државата Њујорк поднесе тужба против добротворната организација на семејството на претседателот Доналд Трамп, со барање таа да се затвори, заради, како што се тврди, неговиот постојан ангажман во незаконски активности. Во тужбата се наведува и дека активностите траеле преку една деценија, се` со цел, придобивки да имаат неговите лични, деловни и политички интереси.
Тужбата, покрената од главната правобранителка на сојузната држава, демократката Барбара Андервуд, како обвинети ги именува претседателот и трите негови деца, Доналд Трамп помладиот, Ерик Трамп и Иванка Трамп, кои беа на одборот на фондацијата. Во моментов се бара компензација во противвредност од 2,8 милиони долари.
Трамп, во неколку коментари на Твитер, тужбата ја нарече „смешна“, и кажа дека нема да се заложи за решавање на случајот.